Quantcast
Channel: League of Legends – IT.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 27

EBL е балканска професионална е-спорт лига со награден фонд од 120.000 евра

$
0
0

Осум тима од регионот следната сезона ќе се натпреваруваат за награден фонд од 120.000 евра. Е-спорт балканската лига (EBL) е првa професионална е-спорт лига во регионот.

EBL е креирана од Fortuna Series во соработка со United Mediа, и практично претставува најголема регионална лига досега. Натпреварите ќе се одржат во две игри и тоа League of Legends и Counter Strike: Global Offensive. На овие игри во иднина би можеле да им се приклучат и други кои имаат потенцијал за е-спорт.

Fortuna започна како професионална е-спорт лига на Србија, а потоа прерасна во регионална лига со приклување на тимови од државите од регионот. Натпреварите во League of Legends ги пренесува и спортскиот канал SportKlub.  Македонскиот тим Evolution Online е еден од учесниците во Fortuna Series.

Организаторите најавуваат влез и на останатите балкански држави. На натпреварите ќе учествуваат осум тима од: Босна, Бугарија, Грција, Македонија, Романија, Словенија, Србија, Унгарија, Хрватска и Црна Гора.

Во првата сезона најдобрите 8 тима ќе учествуваат со директна покана. Веќе од следната сезона за овие 8 места ќе бидат организирани и квалификации.

„Нашата цел е да постанеме дел од светските и европските текови; Да ги промовираме најдобрите професионални играчи и тимови од регионот, истовремено обезбедувајќи им  на домашните фанови и гледачи врвен еспорт настан“, велат организаторите.

The post EBL е балканска професионална е-спорт лига со награден фонд од 120.000 евра appeared first on IT.mk.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 27

Trending Articles