Clik here to view.

Две екипи ќе ја претставуваат Македонија на светското првенство во е-спорт, кое годинава, во ноември, се организира во Бусан, Јужна Кореја. Екипата Evolution Online се едни од финалистите кои на викенд квалификациите освоија победа над Me6. Исто така, нивните колеги кои ќе ги облечат црвените дресови за Македонија во дисциплината CS:GO се момците од екипата Entity, кои по исто толку долг квалификациски период со 12 тимови и финални натпревари со вкупно 8 тимови, дојдоа до шансата да одат во Кина и да бидат дел од World Cyber Arena.
Годинава, учестуваа вкупно 20 екипи во 2 дисциплини, кои 3 месеци се натпреваруваа за да се квалификуваат на завршниот турнир. Досега, Македонија учествуваше на 8 светски и 2 европски првенства во еспорт. Првиот турнир во мегапопуларната League of Legends се одржа во Интернет клубот Инсомниа во Скопје. Вториот натпревар се одржа во гејминг клубот Ентити во Охрид во Counter Strike: Global Offensive.
Image may be NSFW.
Clik here to view.
Ова е втора година по ред, Македонската еСпорт Федерација да организира национална лига во еспорт за учество во светско првенство, кое го организира IeSF (Интернационалната еСпорт Федерација).
Image may be NSFW.
Clik here to view.
Македонската еСпорт Федерација е формирана во 2009 година, следејќи ги глобалните трендови за развој на еспортот. Започна како член на World Cyber Games, за подоцна во 2013 година, да стане полноправна членка на Меѓународната еСпорт Федерација – IeSF. ВО 2016 година станува дел од World Cyber Alliance, една од најголемите еспорт организации со седиште во Кина. Истата година, МЕСФ е примена и во Светскиот еСпорт Конзорциум, WESCO.
МеСФ постојано е во комуникација со надлежните органи во Македонија за официјализирање на еспортот по примерот на многу светски држави.
The post Познати македонските репрезентативци на светското е-спорт првенство во Јужна Кореја appeared first on IT.mk.