League of Legends е една од најпопуларните игри која ја играат над 10 милиони гејмери, и која има награден фонд од неколку милиони долари за секој турнир. Но иако бесплатна за играње, со freemium моделот во 2014 година преку микротрансакции за купување на карактери и различен изглед заработи околу 1 милијарда долари. Бројот на игри кои се префрлени на овој бизнис модел е огромен, но ретко која од нив може да се пофали со волкава заработка.
Дел од корисниците на Reddit на еден од подфорумите дискутираа за League of Legends, во обид да откријат откаде е волкавата заработка. Играчите на играта можат да купат различни униформи (униформите се исклучиво козметички) или да отклучат нови херои, иако ова може да се направи и без трошење на пари, наместо ова можат да ги користат influence поените кои се добиваат со играње.
Сепак тоа што го дознаваме од дискусијата е дека дел од корисниците во играта инвестирале поголеми суми. Потрошени 100-200 долари не се реткост, но дел од играчите купиле униформи или херои за суми од над 4.000 долари! Дел од овие средства играчите ги инвестирале бидејќи сакале да помогнат на помал девелопер, но дел од нив се презафатени со работа, па не можат да играат доволно долго за да ги отклучат хероите.
„Започнав да ги подржувам како помали развивачи, но сакав да останам кометитвен, а имав помалку време поради обврски во училиштето и на работа. За среќа заработувам доволно за да можам да си дозволам да ги отклучам сите херои и униформи, но морам да работам малку подолго за да ја надоместам разлика. Би платил 1.500 долари за да продолжам да играм со пријателите, отколку да поминам долг период за да соберам доволно IP за да ги купам сите херои и униформи…“, вели Captain_Canadian.
Дали вие трошите и колку пари трошите на бесплатни онлајн игри?.
The post Како бесплатната LoL прави над една милијарда долари од виртуелни добра? appeared first on IT.mk.