Clik here to view.

Започна втората сезона на Fortuna лигата. Овој пат лигата е регионална и во неа покрај српските, учествуваат и хрватски тимови, како и македонскиот тим Evolution Online. Во првото коло македонскиот тим ја освои првата победа против хрватскиот тим Mistiga Crew.
Evolution во состав на Христијан Блажевски, Јане Васов, Виктор Кордановски, Валмир Фeјзулаху и Стефан Шевченко победи 2:0. МВП на првиот напревар на Evolution e Валмир Фејзулаху. Првата партија беше понеизвесна, но Evolution некако успеа да излезе со победа од меч кој на моменти наликуваше на изгубен. Втората партија беше веќе поизвесна и Evolution ја имаа контролата од почеток до крајот. Сите кои ја следеа првата сезона може да забележат дека има промена во правилата, сега се игра подобар од три.
Титулата ја бранат Melting Point кои исто така играа на отварањето. Melting Point во првото коло играше против ASUS ROG Elite и победи со резултат од 2:0.
Следниот натпревар на Evolution е на 16 февруари, против шампионот и најдобриот тим од Србија, Melting Point. Лигата само што започна, а натпреварите може да ги следите во живо на Twitch или на Sport Klub 3.
The post Победа за македонскиот тим Evolution Online во првото коло на Fortuna лигата appeared first on IT.mk.