Quantcast
Channel: League of Legends – IT.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 27

САД ги препозна играчите на League of Legends како професионални спортисти

$
0
0

Владата на САД ги препозна професионалните играчи на League of Legends како спортисти. Најголемата предност од ова признание е што во иднина турнирите кои се одржуваат во САД ќе бидат далеку полесни за организација, бидејќи, како професионални спортисти, интернационалните играчи ќе добиваат визи далеку полесно отколку сега, пишува Gamespot.

Ова признание е клучно за развојот на е-спортот. League of Legends е една од најиграните мултиплеери, а секако и една од најиграните MOBA – игри на сите времиња. Секојдневно има максимум од 5 милиони играчи кои играат истовремено, а само во Европа играта има 500.000 играчи, според статистиките објавени од Riot Games од март 2013.

Визата која ќе ја добиваат играчите ќе им дозволи пет годишен престој во САД, односно професионалците од League of Legends по ова прашање имаат ист статус како интернационално признатите спортисти кои влегуваат во САД. Учесниците во е-спортот се надеваат дека ваквото признание од страна на САД ќе го олесни не само нивното патување, туки и пронаоѓањето на спонзори кои би го олесниле нивното тренирање и учествата во турнири.

[youtube]tEnsqpThaFg[/youtube]

The post САД ги препозна играчите на League of Legends како професионални спортисти appeared first on IT.mk.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 27

Trending Articles